Концерт на КОД 369 и Рубенс Муратовски во Културен и Информатовен Центар – Битола Офицерски Дом.

Синоќа битолската публика имаше можност да биде дел од еден несекојдневен настан кој разбуди интерес и емации дури и кај најрезервираните слушатели. Извонредното музицирање на битолската четворка и неповторливата интерпретација на виртуозниот рубенс Муратовски се сретнаа во комплементарна поетска слика.

Емотивните и длабоки музички и поетски идеи на КОД 369 се сретнаа во хармонија со најголемото книжевно наследство на Македонија отелотворено на текстовите на Петре М. Андреевски и Венко Андоновски, какко и мисли за жените љубовта и виното од најпознатите македонски и светски автори. Акцент беше даден и на значењето на кодот 369 кој Никола Тесла го издвоил како посебна духовна и ментална категорија.

Настанот беше посветен на Интернационалниот ден на жената – Осми март. По иницијатива на “Невроразлични” – Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители – Битола, по идеа и реализација на директорот на институцијата Благојче Божиновски, тон мајстор Миодраг Неќак, светло мајстор Никола Ѓорѓиевски . Средствата собрани од продажба на влезнции се наменети за хуманитарни цели.

Да потсетиме , КОД369 е македонска група од Битола, која израсна од гаржен бенд до европски сцени и соработки. Во овој период се еден од ретките македонски бендови кои се ексклузивци на Кроација рекордс, за која неодамна ја издадоа прекрасната тема “Кад сам се заљубила“…

Фото: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top