Мај е месец на матурски концерти, кога брилијантни млади ученици од ДМУ Битола ја полагаат својата зрелост и зачекоруваат во сопствената иднина. Тоа не се само концерти, но круна на еден долгогодишен труд на самите ученици, професори и секако родители. Фото галерија од синоќешниот матурски концерт на Бојан Наумовски-кларинет, во класата на проф. Димитар Трајковски. Пијано соработник – м-р Анастасија Гичевска, гостин; проф. м-р Марјан Бакревски.






