Кога некој настан ќе го помине тестот за вкус на битолчани, слободно може да продолжи со своето патување кон нови успеси…Синоќа според интересот, бројот и коментарите на публиката „Као какао“ го помина битолскиот тест, а со тоа и организаторите на БИТ ФЕСТ 2026, ЈОУ КИЦ Битола. Изразуваме огромна благодарност до единствената публика која знае да цени и да награди кога треба, до сите учесници во мјузиклот на сцената и зад неа, а особено до Општина Битола и НУ Центар за култура Битола за несебичната поддршка.
Ве очекуваме на следните настани на Бит фест 2026,
со почит
КИЦ Битола










































































































































































































































