Објава на резултати од ликовен конкурс

Со голема возбуда ги објавуваме резултатите од ликовниот конкурс „СИМФОНИЈА НА ПЕТТЕ: ЗВУЦИТЕ НА ОФИЦЕРСКИ“

Комисијата, во состав:

1. Даниела Николовска – претседател, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура

2. Кристина Петровска – член, историчар на уметност

3. Нела Петровска – член, ликовен уметник

4. Александар Споа – член, соработник за маркетинг и односи со јавност

констатираше дека во предвидениот рок пристигнале 4 (четири) идејни решенија од 4 тимови составени од 5 ученици, под менторство на професор и дека сите пристигнати идејни решенија ги задоволуваат критериумите за аплицирање, наведени во јавниот конкурс.

Комисијата одлучи да ги одбере сите 4 идејни решенија, односно сите 4 тимови на ученици да добијат можност да учествуваат во „Живо атеље“, односно, во периодот од 11.05 – 31.05. 2026г. да ги изработат делата на платна, во алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола.

Одбрани тимови:

1. Тим Каранфилова Арт Студио: Емилија Гроздановска, Марко Трифуновски, Михаил Марковски, Марио Андреевски, Евгенија Наумовска. Ментор Ангела Каранфилова.

2. Тим СОУ „Таки Даскало“ Битола: Павел Талев, Виктор Стојановски, Јана Ристевска, Ана Црнец, Анастасија Василевска. Ментор Љубица М. Солак

3. Тим СОУ „Таки Даскало“ Битола: Марија Котевска, Мартина Каровска, Симона Николовска, Рамона Ицановска, Анастасија Ристеска. Ментор Љубица М. Солак

4. Тим СОУ „Таки Даскало“ Битола: Стојчевски Андреј, Цуцунамовска АнаМарија, Марковска Јована, Бојаџиева Симона, Петровски Христијан. Ментор Љубица М. Солак.

Се радуваме што наскоро започнуваме со реализација на овој матичен проект на ЈОУ КИЦ Битола, кој преку ликовната уметност ја таргетира талентираната младина во Битола, давајќи им можност да ги развијат, надградат и насочат своите ументички таленти.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top