Три недели инспирација, креативност и тимска работа.
Четири тима и дваесетина талентирани ученици со нивните ментори го прифатија предизвикот на Отвореното атеље на КИЦ Битола, создавајќи дела исполнети со креативна слобода, другарство и синергија.
Резултатот од нивната посветеност и имагинација ќе можете да го видите утревечер, на 9 јуни 2026 година, со почеток во 18:30 часот, кога свечено ќе ја отвориме изложбата создадена во рамките на проектот „Симфонија на петте: Звуците на Офицерски“.
Ве покануваме да бидете дел од ова уникатно доживување и да ги поддржите младите креативци.
Ве очекуваме!
Ваш КИЦ Битола
