Отворањето на ликовните изложби е своевиден празник на уметноста. Постои некое чувство на свеченост онаму каде што убавината е присутна. Така беше и синоќа на отворањето на ликовната изложба на Македонка Димова – Дона од Кавадарци која ја сподели својата уметност со нас. Пред присутните гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Битола Г-дин Тони Коњановски, колеги уметници и вљубенци во ликовната уметност, за изложбата говореше ликовниот уметник Владимир Симоновски. Изложбата може да се погледне во наредните денови во Офицерски дом – КИЦ Битола.









