Од генерација на генерација се пренесува урбаната приказна за местото наречено „Кај Пајнцата“, каде уште во 90′ те години започнаа првите поорганизирани рок свирки, односно местото стана препознатлив сценски простор за урбаната музичка сцена. Во сеќавање на тие славни денови, а и со желба да продолжи функционирањето на музичката сцена , дечките од „Паркети“ со своите пријатели и поддржувачи во 2012 г. започнаа со организирање на „Пајнца фест“, со цел да ја оживеаат сцената и таа искрена младешка музичка енергија која е настрана од секое клише. Годинешниот настан во рамките и со поддршка на Бит фест 2026, се поклопува со неформалниот дваесет годишен јубилеј на „Паркети“ од нивниот настап на истото место. Синоќа старата чаршија беше жива, радосна, пркосна и млада. Честитки до оранизаторите и бендовите. кои покажаа дека сеуште има сцена и дека чаршијата допрва ќе биде Жива!
фото: Сашо Ставрев



















