Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, како изложбен простор и сведок на уште една меѓународна изложба , насловена како „Антропос“ графичка уметност, цртежи, сликарство.
Ова е комплексна меѓународна ликовна излоба како дел од проектот: „Простори на уметност: Природа – Култура – Човештво“ Организирана од: Институт за ликовни уметности, Факултет за уметност и образовни науки во Чешин, Универзитет во Шлезија во Катовице, Полска и ЈОУ КИЦ Битола.
На отворањето на изложбата се обрати директорот на ЈОУ КИЦ Битола, Димитар Михајловски, кој ја поздрави иницијативата како отворање пат кон идна соработка помеѓу установата и почитуваните културно-образовни институции од Полска. Изложбата е на иницијатива на кустос – советник Владо Ѓоревски како дел од неговата долгогодишна посветеност на градење на мостови на соработка и врежување со уметници од Европа и светот. Истата може да се посети во наредните денови во Свечената сала на Офицерскиот дом.
фото; Сашо Ставрев









