Битолското Трио Интерарт со нашите уметници Александар Стефановски, флејта, Емилија Ристевска Стефановска, флејта и Татјана Божиновска, пијано денеска на 11 август ќе гостуваат во италијанската метропола Рим каде ќе учествуваат на Музички фестивал на народите „Римски вечери“ што се одржува на плоштадот Кампители во вечниот град. Да се потсетиме на нивниот неодамнешен концерт во Офицерскиот дом – КИЦ Битола во рамки на „Бит Фест“ каде приредија импресивен целовечерен коцерт и очекувано ја потврдија својата врвна посветеност и интерпретација на камерната музика.
Аудиториумот во рамки на проектот „Културен Хорологион“ беше запознат од д-р Марјан Танушевски со пораките од сончевиот часовник на Широк сокак, изработен од архитектот Константин Атанасов и соработниците. Гостите на градот може да прочитаат Panta Rei (се



