Дали човек може да се засити од убавина? Синоќешниот концерт на Лина Димовска-пијано која е ученик во трета година на Државното музичко училиште во Битола, ни ја долови убавината на духот преку беспрекорната музичка изведба на делата со популарни класични теми од; Ј.С. Бах, Л.Б. Бетовен, Ф. Доплер, А. Скрјабин како и на Ф. Лист… На концертот
Лина беше придружувана од гостите Ива Чанова и Магдалена Ковилоска и двете на флејта. Лина Димовска е во класата на проф. м-р Билјана Димовска.
Фото:
Сашо Ставрев









