Синоќа Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола беше исполнета со светлина, талент и позитивна енергија.
Младите ученици од Центарот за германски јазик „Илиеви“ приредија впечатлива културно-уметничка програма на германски јазик, демонстрирајќи не само одлично познавање на јазикот, туку и завиден уметнички сензибилитет, Центар за германски јазик Илиеви
Честитки за учениците, нивните ментори и целиот тим на Центарот за германски јазик „Илиеви“ за прекрасната вечер. Им посакуваме уште многу успешни проекти, инспиративни настапи и блескави успеси во годините што следат.






