Во Свечената сала на Офицерски дом одржан Свечен концерт по повод 3-годишнината од формирањето на НУ Камерен оркестар на Битола

Настан што ја одбележа концертната сезона во Битола!

Во продолжение, избор од фотографии од свечениот концерт по повод 3-годишнината од формирањето на НУ Камерен оркестар на Битола, кој се одржа синоќа во Свечената сала на КИЦ – Офицерски дом Битола.

Концертната програма беше составена од два дела, во кои беа изведени композиции од Клод Дебиси, Питер Варлок, Ралф Воган Вилијамс, Бела Барток, Едвард Елгар и Гија Канчели, како и варијации на познатата мелодија „Среќен роденден“.

Камерниот оркестар беше награден со долготраен и искрен аплауз, а на барање на публиката следуваше и бис. Присутните тешко се разделија од музичарите, не криејќи го своето воодушевување и гордост што Битола има ансамбл со ваков уметнички квалитет.

Вечерта продолжи со пригоден коктел во Кристалната сала, каде посетителите имаа можност да се фотографираат со музичарите, да споделат впечатоци, спомени и убави моменти од изминатите три години. Така беше заокружена уште една успешна приказна која со секој концерт ги допира срцата на битолчани.

По овој значаен јубилеј, диригентот Владимир Цанев со насмевка порача:

„Прво да додадеме уште една нула на оваа тројка, па потоа уште една, па уште една…“

На многу години Камерен оркестар на Битола!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top