„Свињи“ / 𝙋𝙄𝙂𝙎 

🐷ПРЕМИЕРА на 8 јули, 21ч. во Центар за култура – Битола

🐷РЕПРИЗА на 9 јули, 20ч. во Центар за култура – Битола во склоп на програмата на Битолско културно лето „БИТ ФЕСТ“ 2026

Автор: Томислав Зајец

Режија и адаптација: Тамара Стојаноска

Играат: Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска 

Превод од хрватски јазик: Тамара Стојаноска и Никола Стојаноски

Дизајн на звук, избор на музика и автор на текст за сонг: Лука Тошев

Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска

Сценографија: Тамара Стојаноска

Костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа

Изработка на маски: Горан Спасевски

Фотографија: Јордан Звездоски

Продуцент: Бобан Алексоски 

Театар „Златен Елец“ во копродукција со Центар за култура Битола 

„Свињи“ од Томислав Зајец за првпат ќе биде поставена пред македонската публика, отворајќи простор за ново читање на едно од најзначајните дела на современата хрватска драматургија. Преку специфичниот драмски јазик, во кој се преплетуваат апсурдот, црниот хумор и гротеската, Зајец создава свет што истовремено е суров, поетичен и длабоко вознемирувачки. Нашата постановка го чита овој текст како современа општествена и психолошка алегорија што ги отвора прашањата за моќта, одговорноста, идентитетот, осаменоста, траумата, насилството и човековата потреба за бегство од реалноста.

Во центарот на приказната се две сестри, но нивниот однос е само појдовна точка за истражување на механизмите преку кои луѓето се обликуваат, оттурнуваат и стануваат производ на средината во која живеат. Ликовите, затворени во сопствените светови, стануваат одраз на нашата потреба да ги контролираме другите, да ги проектираме сопствените неуспеси врз нив и да создаваме реалности во кои насилството станува нормализирано, наместо препознаено како зло. Претставата не се обидува да осуди, туку да разбере. Таа истражува како осаменоста, траумите од детството, недостатокот на љубов и емпатија, како и наследените модели на однесување, го обликуваат човекот. Во својата суштина, зборува за тоа како насилството раѓа ново насилство и како општеството честопати прво ги оттурнува, ги напушта и ги заборава најранливите, а дури потоа ги осудува за луѓето во кои се претвориле. 

Што значи да се биде човек во еден систем што се однесува како фарма? 

„Свињи“ е претстава што не бара од публиката да заземе страна, туку да остане со прашањата што ги отвора. Зашто најстрашните облици на насилство не започнуваат со омраза, туку со рамнодушност, молчење и прифаќање на светот таков каков што е. Во тој простор помеѓу личната, колективната и театарската одговорност се наоѓа суштината на нашата претстава, да не понуди готови одговори, туку да е огледало на тоа како ги третираме луѓето околу нас и какво општество создаваме. 

-Тамара Стојаноска

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top