Colors of Macedonia премиерно пред Офицерски дом

Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски , ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект COLORS OF MACEDONIA.

Музика создадена специјално за оваа музичка приказна, која што ќе одзвони на 5 Август во Битола,пред платото на Офицерскиот дом.

Музичарите како Алек Секуловски, иноватор ,професор и специјалист по тапани,кој што има богата музичка кариера,и живее и работи во Торонто, Давор Јордановски, композитир и клавијатурист исто така живее и работи низ целиот свет, Александар Петров перкусионист кој живее и настапува моментално во Дубаи, Филип Динев гитарист кој живее и работи во Хамбург Германија, и уште многу други музичари, на чело со Вера Милошевска, нам добро познатиот женски вокал ќе ја облагородат битолската музичка атмосфера, со музика инспирирана од многуте векови натрупаното македонско музичко богатство, преточена во модерна музика.

Не го пропуштајте ова музучко патување.Организатор КИЦ Битола, со поддршка на Општина Битола и БИТ ФЕСТ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top