Colors of Macedonia

Некој рекол дека музичарите се всушност уметници кои „сликаат“ со ноти…Токму ова се потврди на синоќешниот концерт на најголемата етно-џез тајфа која последната деценија се собрала на сцената на Офицерскиот дом и ја магепса битолската и бројата странска публика со боите на Македонија. „Colors of Macedonia “ е автентичен музичко сценски проект на Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски, кои ги поканија своите бројни музички пријатели ( Алек Секуловски, Александар Петров, Давор Јордановски, Филип Динев, Вера Милошевска и други да го насликаат со ноти виножитото на македонскот бит. Без претенциозност слободно можеме да кажеме дека овој музичка премиера ќе биде забележана како дел од културната антологија на Битола. Ви пренесуваме дел од атмосверата на концертот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top