Oдбележан Денот на државноста на Р.Хрватска

Во срдечна и пријателска атмосвера сношти во Свечената сала на Офицерскиот дом одбележан Денот на државноста на Р.Хрватска. Организатори на овој свечен настан се Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.

Програмата понуди богата уметничка содржина, со настапот на женската клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. Како специјални гости настапија и учениците од Државното музичко училиште – Битола . Во вториот дел од програмата беше отворена изложба на фотографии „Хоризонти“ од авторката др. сц. Блага Петрески од Сплит. Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја. Настанот е организиран во соработка со Културно- информативниот центар Битола, Општина Битола, Сплитско далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top