Здруженијата на граѓани кои го негуваат културниот идентитет на македонски граѓани од други нации, како словенечката претставуваат мостови на пријателство помеѓу народите. Синоќа, во Офицерски дом – КИЦ Битола, со свечена програма во организација на С.3 „Триглав“ Битола одбележан е словенечкиот културен празник „Прешернов ден“ . Во рамките на настанот настапи и хорот при С.3 „Триглав“ под уметничко раководство на Марина Коруновска.











