Традицијата постои за да ги одбележи и сочува од заборав вредните нешта, а такви се одбележување на независноста и слободата на еден народ и секако безвремената музика која ги обединува сите луѓе кои сонуваат за убавото.
Во прилог избор на фотографии од традиционалната 32 по ред „Шопенова вечер“ во Свечената сала на КИЦ-Офицерски дом на која настапуваа учениците од ДМУ Битола.
Овој концерт е традиционално се организира од Друштвото за македонско – полско пријателство и соработка “Висла” – огранок Битола и Амбасада на Р.Полска во Скопје и е дел програмата на денови на полската култура во Македонија, како одбележување на 11 ноември (завршувањето на I с.в. 1918 г.) – денот на независноста на Полска. На концертот на сите учесници по полска филологија м-р Марија Малгожата Мачковска им подели пригодни подароци во знак на благодарност за соработката.
фото: Сашо Ставрев









