12 мај во Битола – сцената ѝ припаѓа на иднината 🎻
Во прекрасниот амбиент на Офицерски дом во Битола, Violin Fest 2025 ви подарува концерт на млади виолинисти – ученици, сонувачи и уметници во најава, чиј талент зборува повеќе од оваа најава.
Ова не е само уште еден настап – туку момент каде што трудот станува музика, а љубовта кон уметноста добива аплауз 🎻👏🏻
Понеделник, 12 мај, 20:00 часот | Влез: слободен
Дојдете да ги поддржиме оние што допрва ќе ги исполнат големите сцени – со почит, со внимание и со голема љубов.
