апонскиот оперски пејач-бас Казухиро Котетсу во посета на Офицерски дом

Јапонскиот оперски пејач-бас Казухиро Котетсу во посета на нашиот град. Тој на својата турнеја низ Македонија ја посети Битола каде што имаше спектакуларен настап на затворањето на „Интерфест“ пред три години.

Тој настапи и со Камерниот оркестар на Битола изведувајќи незаборавни мелодии на битолската музичка легенда, Јонче Христовски. При посетата на Офицерскиот дом Котетсу евоцирајќи спомени ни рече дека повторно би сакал да настапи пред битолската публика.

Котетсу е светски познат поврзувајќи ја јапонската и македонската култура како негова уникатна мисија изведувајќи македонски традиционални песни и промовирајќи го македонското вино во Јапонија. Котетсу завршил музичка скала во Милано, Италија пред да се врати во Јапонија и да ја започне својата професионална кариера.

Е па г-н Котетсу, те очекуваме повторно во Битола!

Фотографија и текст: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top