Подиум на млади-Годишен концерт на солисти при ДМУ Битола

Кога искуството ќе ја пресретне младоста, синергијата е неизбежна…

Има концерти и концерти. Разликата не е само во техничката подготвеност и музичката виртуозност, туку и во она неуловливо чувство што се раѓа кога на сцената ќе се спојат талентот, посветеноста и искрената љубов кон музиката.

Синоќешниот годишен концерт на солистите од ДМУ Битола, „Подиум на млади“ реализиран во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола, создаде вистинска катарза. Вечер исполнета со емоции, возбуда и гордост, која сигурно долго ќе остане во сеќавањата и на младите музичари и на бројната публика.

Тоа не беше само концерт, туку прослава на трудот, талентот и иднината на музичката уметност. На сцената на Свечената сала видовме идни професионалци за кои оваа сцена секогаш ќе биде отворена…

фото: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top