Заврши првото издание на Вински фестивал Битола во Офицерски дом

Со третата фестивалска вечер заврши првото издание на „Вински фестивал“ Битола 🍷🎶

Три дена исполнети со музика, добро вино, дружење и одлична атмосфера. Битола покажа дека е желна за вакви настани и дека знае како да ужива во добрата фестивалска приказна.

Очекувано, последната вечер фестивалот ја достигна својата кулминација благодарение на одличната организација, посетеност и секако настапите на Љубојна и Паркети, кои ја загреаја атмосферата пред Офицерски дом – КИЦ Битола. Голем број посетители го искористија убавото време и уживаа во музиката, виното и фестивалската енергија.

Благодарност до сите посетители, учесници и поддржувачи што беа дел од ова прво фестивалско издание ❤️

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top