Офицерски дом -Четврти семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество Ветеринарен факултет Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола

Офицерски дом – КИЦ Битола, епицентар на културно-образовни и научни случувања во регионот!

Денеска во Офицерскиот дом се одржува четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество Ветеринарен факултет Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во заедничка организација со Ветеринарната комора на Р. Македонија, на ден 09.05.2025 година (сабота) во Офицерски дом – Битола, организира еднодневен Семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество. Семинарот се одржува традиционално четврта година по ред и претставува континуитет во заложбите за стручно усовршување и следење на современите трендови во ветеринарната медицина. Предавачи на Семинарот ќе бидат реномирани експерти од универзитети и ветеринарни практичари од државата, како и од регионот (Р. Хрватска, Р.Словенија, Р. Србија и Р. Бугарија), кои преку презентација на актуелни достигнувања и практични искуства од областа на ветеринарната медицина ќе придонесат кон унапредување на професионалните знаења и вештини на докторите по ветеринарна медицина.

фото:Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top