Во петокот 21.08.2026 година, од 20:30ч, беше отворена изложбата на фотографии на Вера Христовска насловена како Фрагмент од стара чаршија, претставувајќи ја битолската чаршија во салон на ДЛУБ низ фотографии од различни периоди. На изложбата беа изложени фотографии од подолги години на опстојување на битолската чаршија, од аналогни фотографии до дигитални фотографии. Покрај улични моменти низ малите сокаци, беа прикажани фотографии и од пазарџискиот дел на стара чаршија. Изложбата ќе трае до први Септември и ќе може да се посети следните дена. Изложбата е во склоп на Битфест, поддржана од Општина Битола.








