Тешко се наоѓаат зборови кои можаат да парираат на блескавата изведба и харизмата која ја донесе Концертот „Grandi duetti Soprano“ со Марија Наумовска- сопран, Нико Ѓоргиевски – тенор и музичкиот соработник – Андреја Наунов. Ќе биде запаметена како врв на едно мајсторство, кое ги охрабрува оние кои веруваат дека уметноста е жива и силна водилка.



