Историјата како повод за соработка. Во прилог фотографии од вчерашната посета на експерти од „Музејот на Југославија“ од Белград и „Народната библиотека“ од Србија кои се во дводневна посета на НУ Завод и музеј Битола како и институциите од култура во Битола. Во оваа прилика делегацијата го посети Офицерски дом, каде што остварија средба со директорот на установата КИЦ Битола, Димитар Михајловски.
Во рамките на нивните активности во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола беше реализирано интервју со новинарот Петар Ставрев.
фото : Сашо Ставрев



