Уште еден пример за податливоста на Офицерски дом како сценски простор.
Синоќа премиера на „Госпоѓица Јулија“ во Источната галерија на Офицерски дом.
Претставата е во продукција на ОХО продукција, помогната од Министерството за култура и туризам, во соработка со Europe House Bitola, КИЦ Битола и Центарот за култура Битола. Се базира на класиката на Август Стриндберг во режија на Иван Јерчиќ кој го направи и сценскиот дизајн.
Играат:
Викторија Степановска Јанкуловска
Никола Стефанов и Марија Стефановска.
Костимите се на Марта Дојчиновска, светлото на Никола Ѓорѓиевски.
Продуцент е Пеце Талевски









