Синоќа на малото плато на Офицерски дом – КИЦ Битола се одржа првиот ден од фестивалот „300 работи Триста“. Ви пренесуваме дел од атмосферата од изложбата на уметнички слики „Пештерскиот човек Schickimicki“ на авторот Иван Коцка Јанчев, проекцијата на филмот „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ како и проекција на Видео Арт: „Битолска Берза“.