Со третата фестивалска вечер заврши првото издание на „Вински фестивал“ Битола ![]()
![]()
Три дена исполнети со музика, добро вино, дружење и одлична атмосфера. Битола покажа дека е желна за вакви настани и дека знае како да ужива во добрата фестивалска приказна.
Очекувано, последната вечер фестивалот ја достигна својата кулминација благодарение на одличната организација, посетеност и секако настапите на Љубојна и Паркети, кои ја загреаја атмосферата пред Офицерски дом – КИЦ Битола. Голем број посетители го искористија убавото време и уживаа во музиката, виното и фестивалската енергија.
Благодарност до сите посетители, учесници и поддржувачи што беа дел од ова прво фестивалско издание ![]()
















